Давид против Голијат. Вака можеше да се оцени финалето меѓу Манчестер сити и Интер во борбата за трофејот во Лигата на шампионите. Стадионот “Ататурк“ исполнет до последното место.
Интер не го исплаши фаворизираниот противник. Симоне Инзаги даде се од себе да ги забави нападите на Сити. Притисокот на играчите на Интер кои не им дозволија на противниците да се доближат до голот се исплатеше, а првото полувреме помина во надигрувања и не толку опасни напади на двете екипи. Манчестер сити имаше една добра шанса, преку Ерлинг Халанд во 27.минута. Неговиот удар од 12 метри го одбрани Андре Онана. До крајот на првото полувреме, мрежите на Едерсон и Онана не беа под опасна закана.
Интер преку Барела имаше зрела шанса и да го искористи киксот на Сити кога голот беше празен, а Брозовиќ во 25.минута шутираше далеку над голот. За тимот на Манчестер најнепријатниот момент дојде, откако после половина час игра, Кевин Де Брујне се пожали на повреда. Пет минути подоцна Белгиецот го напушти теренот и беше заменет со Фил Фоден. На Де Брујне му се повторува ситуацијата од пред две години, кога во финалето на Лигата на шампионите против Челзи се повреди во 60. минута и мораше да оди на клупата.
И тимот на Интер остана без Един Џеко кој го напушти теренот во 57.минута. Напаѓачот на Интер, седна на теренот и побара измена и на неговото место влезе Ромелу Лукаку.
Второто полувреме започна жестоко со подинамична игра, а вистинската шанса дојде преку стартот на Барела, по што дојде до недоразбирање меѓу Аканџик и Едерсон, по што следуваше и жолт картон за Барела. Лаутаро Мартинез ја пропушти голема шанса за водство на Интер кога во 57. минута Аканџи и остави топка која што беше недостижна за голманот Едерсон, но не успеа да го искористи подарокот. Дури и на Гвардиола ова тешко му падна , па легна на земја, но потоа му олесна кога Ендерсон го сопре ударот на Мартинез.
Пеп Гвардиола и Симоне Инзаги разбирливо беа во исчекување на гол. За Гвадиола, тој момент дојде по конфузната одбрана на Интер во 67.минута. Аканџи го исфрли Силва по десната страна, тој ја врати топката во средината, таа се одби од еден играч на Интер, на неа налета Родри кој пласираше во десниот агол. Немоќен беше Онана да го спречи силниот удар,
Веднаш потоа Интер се закани преку Ди Марко кој биеше со глава во стативата, а во 78 минута колосална шанса за Сити да зголеми на 2-0 преку Фоден, но Онана имаше среќна интервенција и спаси сигурен гол. Сити играше посилно, решен да не дозволи Интер да дојде до израмнување.
Неверојатна шанса на Лукаку во 89.минута за гол, кога биеше во стапалото на Едерсон и успеа да ја исфрли топката пред да ја затресе мрежата. Лукаку не се откажа и со сета сила продолжи во нов напад, но непрецизно биеше. Онана заработи и жолта картон пред крајот кога грубо го турна Халанд, по то тој му возврати и двајцата завршија со жолти картони.
Инзаги разбирливо беше разбирливо нервозен. Последниот напад заврши неуспешнопо одбраната на Едерсон и Манчестер Сити е новиот шампион. Ова е трета шампионска титула на Гвардиола.