Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ (37) се уште не ја продолжил соработката со Реал Мадрид, а според одредени тврдења од Шпанија лесно може да се случи на крајот да не остане во клубот.
Модриќ е еден од низата играчи кои имаат понуда од Саудиска Арабија и наводно сериозно размислуваат за заминување.
Новинарот на Атлетика близок до Реал Мадрид Гиљермо Раи открива дека Модриќ има профитабилна понуда од Саудиска Арабија. Наводно е толку голема што би можела да го премисли 37-годишниот хрватски репрезентативец.
„Иднината на Лука Модриќ во Реал Мадрид е неизвесна. Понудата за продолжување на соработката е на маса, но постојаниот интерес од Саудиска Арабија може да го промени неговото мислење“, изјави Раи