Рафаел Надал е познат како голем пријател на Новак Ѓоковиќ, а тоа го потврди денеска со честитката за српскиот тенисер.
Со освојувањето на 23. гренд слем титула во Париз попладнево, Новак Ѓоковиќ се промовираше во најтрофеен на сите времиња, а тоа заслужува честитки.
Шпанецот веднаш честиташе и уште еднаш покажа дека е голем господин.
„Големи честитки за одличното остварување. Новак, 23 е број кој не можеше да го замислиш пред неколку години, а тоа сега ти успеа. Уживај во овој успех со семејството и тимот“, порача Надал.