Хрватската фудбалска репрезентација продолжува да импресионира на најголемата европска и светска сцена, па така вчера стана првата селекција која победи во Ротердам по пауза од 23 години.
„Коцкестите“ ја победија Холандија на нејзин терен и се пласираа во големото финале во Лигата на нации, што значи дека тимот на Златко Далиќ повторно е во игра да освои важен медал.
Хрватите освоија едно сребро и една бронза на последните две Светски првенства, а континуитетот на добри резултати го продолжија и во едно од поновоформираните натпреварувања на УЕФА.
Лука Модриќ повторно беше лидер на својот тим и како капитен ги предводеше Хрватите до победата од 2:4, но поради докторската дисертација која ја приреди на срединот ред, доби и посебен епитет од УЕФА.
– Маестро!
Maestro. #NationsLeague pic.twitter.com/wvbKcYt9Ik
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) June 14, 2023