Светскиот фудбал и трендот на трансферите одat во некоја нова димензија која досега никој не можеше да ја предвиди.
Ако до пред 3-4 сезони, најскапиот трансфер изнесуваше околу 100 милиони евра, сега тие пари може да ги инкасира секој фудбалер за една година доколку се пресели во Саудиска Арабија.
Сведоци сме на таквите трансфери на Бензема, Кулибали, Канте, Кристијано Роналдо, сите заминаа во Саудиска Арабија и сите заработуваат скоро по 100 милиони по сезона.
На таквиот тренд, Рио Фердинанд кој некогаш настапуваше за Манчестер Јунајтед, се обиде да искоментира колку тој би вредел во денешно време и колку би заработувал во денешниот фудбал.
„Мојата трансфер цифра деновиве? Па сигурно би била околу 200 милиони евра, а би заработувал скоро сигурно 500 000 евра неделно“, тврди некогашниот ас на Јунајтед.
Како за потсетување, тој во 2002 година го засили Манчестер Јунајтед, доаѓајки од Лидс Јунајтед за тогаш рекордна трансфер цифра за еден дефанзивец во светот од само 29 милиони фунти.