9.8 C
Skopje
14.1 C
Melbourne
Monday, 6 May, 2024
0
Дома Спорт Шпанската легенда објави крај на кариерата и веќе има нова работа

Шпанската легенда објави крај на кариерата и веќе има нова работа

Легендата на шпанскиот и европскиот фудбал Цеск Фабрегас денеска објави дека заминува во пензија на 36-годишна возраст и по две децении како професионалец.

Играчот од средниот ред беше произвиод на фудбалската школа на Барселона, но пред влезот меѓу професионалците беше купен од Арсенал каде дебитираше на 16-годишна возраст и ги помина можеби најдобрите денови во кариерата. Во 2011 година се врати во Барса за 34 милиони евра, но факт е дека не ги оправда очекувањата и по три сезони се врати на Островот, овојпат во дресот на Челси. Пред крајот на кариерата игра=ше и за Монако, а во пензија заминува од дресот на италијанскиот второлигаш Комо.

Најголемите успеси во кариерата ги оствари со шпанската репрезентација со која два пати беше европски и еднаш светски шампион.

„Со голема така објавувам дека дојде време да ги закачам копалите на клин. Ќе го ценам секој момент, од работните денови во Барселона, Арсенал, назад во Блауграна, Челси, Монако и конечно Комо. Од Светското, преку Европското првенство, победите во Англија, Шпанија, освојувањето на трофеите – тоа беше патување кое никогаш нема да го заборавам“, објави, меѓу другото, Фабрегас.

Со завршувањето на играчката, за него почнува тренерска кариера. Тој останува во Комо како тренер на пионерската екипа на овој клуб.

Melbourne
broken clouds
14.1 ° C
16.1 °
11.6 °
87 %
3.1kmh
75 %
Mon
18 °
Tue
16 °
Wed
17 °
Thu
17 °
Fri
18 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img