Серхио Рамос е слободен играч од јули, а се поврзува со неговата Севиља, а сега и со Интер Мајами.
Се чинеше дека неговата голема фудбалска приказна ќе заврши како од бајка, токму во Севиља. Сепак, пристигна „ладен туш“.
Севиља повеќе не е опција бидејќи потпретседателот на клубот Хозе Марија дел Нидо Кареско ја отфрли можноста за враќање на Рамос.
,, Не не. Со него нема преговори. Тој е одличен фудбалер, дојде од нашата академија, но денеска не е опција за Севиља“, изјави потпретседателот на Севиља.
Се чини дека Шпанецот сепак ќе се сврти кон понудата од Соединетите Американски Држави и ќе им се придружи на Лео Меси и Серхио Бускетс.