По многуте шпекулации за иднината на Виктор Осимен од Наполи, од Италија доаѓаат вести во кои се тврди дека играчот и клубот од Неапол се блиску до продолжување на соработката.
Како што тврдат медиумите, агентот на Осимен бил задоволен од оствареното на последниот состанок со клубот и се водело кон правец тие да го продолжат договорот со Наполи.
Важен фактор за евентуалното останување на Осимен во Неапол е и превисокото обештетување кое стои во договорот и чини 120 милиони евра, сума која ниту еден клуб од Европа не сака да ја плати, иако Осимен имаше неверојатна сезона зад него.
Баерн, ПСЖ и Јунајтед се само дел од клубовите кои тропнаа на вратата во Неапол, но откако им беше спомната оваа сума, тие се повлекоа.
Осимен има договор со клубот од Наполи до јуни 2025 година, а пристигна од екипата на Лил во 2020 година. Минатата сезона одигра 39 натпревари и постигна 31 гол во сите натпреварувања.