Првиот човек во гаражата на Мерцедес, Тото Волф, смета дека неговата екипа му должи осма титула на Луис Хамилтон за целата оваа посветеност на Британецот во тимот дури и кога не победуваат.
Тото Волф верува дека Хамилтон е една од најважните личности во Формула1, што во моментов на патеката тоа и не е баш така, бидејки Хамилтон има проблеми со својот Мерцедес.
„Хамилтон е доста важна личност за светскиот спорт. Тој е повеќе димензиониран, тој не е само возач и повеќекратен шампион, тој е и синоним за разновидност и во моментов нема ограничувања за Луис Хамилтон како тркач, или како политичар. Мислам дека тој е еден од најспектакуларните карактери кои сум ги среќавал“.
„Низ сите овие години, гледавме како Луис Хамилтон победува и тоа стана традиција во нашата гаража, затоа сметам дека ние како тим, му должиме осма светска титула“, порача Тото Волф.
Со оглед на тоа дека Ред Бул нема конкуренција, Мерцедес и сезонава ништо драматично нема да направи, па останува да се види дали идната сезона ќе биде сезоната на Хамилтон, пред евентуалното повлекување од овој спорт.