Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, наскоро би можел да го напушти Ливерпул, веќе во следните недели од трансфер периодот.
Иако такви назначи се уште нема на видик, Ливерпул би можел да остане без својот капитен пред почетокот на сезоната. Имено, според информациите на одредени медиуми, Ал Итифак од Саудиска Арабија подготвува понуда за „црвените“ бидејки веќе биле во преговори со играчот.
Тоа не е случајно, бидејки Ал Итифак од пред неколку дена го има за тренер клупската легенда на Ливерпул, Стивен Џерард. Но заминувањето на еден играч кој ја држи соблекувалната на неколку недели пред почеток на новата сезона, може да биде сериозен удар врз екипата на Јирген Клоп.
Но дури и тој да замине, трансфер периодот на Ливерпул засега е добар, досега пристигнаа Алексис Мекалистер и Доминик Собослаи, Трент Арнолд е се почесто во средниот ред, а во конкуренција се уште и Фабињо, Тијаго Алкантара, Куртис Џонс, Стефан Бајчетиќ и Харви Елиот.
Хендерсон со години стануваше се поважен играч во составот на Ливерпул и системот на Клоп, па неговото евентуално заминување, секако ќе им падне тешко на сите на Енфилд.