Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња покажа дека и во бизнис водите снаоѓа исто така добро како на теренот.
НБА синоќа ја одобри продажбата на неговата франшиза Шарлот Хорнетс, па Мајкл Џордан од тоа ќе заработи три милијарди долари. Пред 13 години, ја купи за „само“ 275 милиони. Нови сопственици на Хорнетс се Американците, Гејб Плоткин и Рик Шнел, основачи на неколку инвестициски фондови. Шнел веќе има искуство од вложување во НБА бидејќи е малцински сопственик на Атланта Хоукс.
Што се однесува до Џордан, од оваа продажба ќе добие речиси ист износ колку што заработи во текот на целата своја играчка кариера, плус спонзорските договори со Најк и Геторејд.