Претставниците на Тотенхем и Баерн не постигнаа договор околу трансферот на капитенот на лондонскиот фудбалски клуб Хари Кејн во редовите на шампионот во Бундеслигата.
Британските медиуми пренесуваат дека челниците на Баерн биле подготвени да одвојат околу 100 милиони евра за Кејн.
Сепак, не беше постигнат договор бидејќи раководството на Тотенхем бараше 115 милиони евра за англискиот репрезентативец.
Кејн има договор со Тотенхем до јуни следната година.
Скај Спортс објави дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, уште еднаш се покажал како тежок преговарач, бидејќи договорот не бил ни блиску до реализација иако Кејн сака да ја продолжи кариерата во Баерн.
Кејн за Тотенхем одигра 435 натпревари и постигна 280 голови.