Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, при една од последните средби со дел од навивачите кои го следат клубот на летната турнеја, беше уловен во недолични коментари.
Овој мал несакан инцидент, односно незгодна ситуација, се случи во Сингапур по натпреварот кој Ливерпул го одигра против Баерн Минхен и го загуби со 4:3.
Многу од навивачите на Ливерпул чекаа по натпреварот да добијат автограми, како од играчите, така и од тренерот, но очигледно Германецот беше нервозен.
Дел од фановите на Ливерпул му пријдоа на Клоп со дрес на клубот, со цел да им се потпише, но не беа воодушевени од неговото однесување.
„Мораш правилно да го држиш еб**** дрес“, порача Јирген Клоп, на што фановите му се извинуваа.