Српскиот фудбалер и играч на Ал Хилал, Александар Митровиќ, во своето последно интервју порача дека не му недостасува Премиерлигата и дека добро се чувствува во Саудиска Арабија.
Митровиќ се пресели во С.Арабија пред еден месец, како едно од имињата кои се преселија од Европа во таа земја, а сега го кани и Душан Влаховиќ да го напушти Јуве и да се пресели во Саудиска Арабија.
„Кога ја добив понудата од Ал Хилал, разговарав со тоа за семејството, немам носталгија за Англија, играв многу години во таа земја и искрено, не ми недостасува. Ал Хилал е одличен клуб, тие се како Реал Мадрид во Европа“.
„Саудиска Арабија се уште не е на нивото на Премиерлигата, но со ова темпо, тоа сигурно ќе биде во иднина. Што се однесува до оваа земја, позитивно сум изненаден за интересот на луѓето. Би му препорачал и на колегата Душан Влаховиќ да го напушти Јуве и да се пресели овде. Ако морам да бидам среќен, гледам дека е среќен во Јуве, но би сакал да дојде во Саудиска Арабија“, порача Митровиќ.