Реал Мадрид е веројатно најголемиот клуб во историјата на фудбалот. За тоа зборуваат освоените трофеи, особено титулите европски прваци. Сега Реал Мадрид испиша историја и на социјалните мрежи.
Еден од најпопуларните и најомилени клубови ширум светот е Реал Мадрид, поради што милиони навивачи ширум планетата се обидуваат да бидат блиску до се што се случува во шпанскиот клуб.
Најлесен начин да го направите ова е со едноставен клик, на социјалните мрежи, каде навивачите на Реал Мадрид можат да бидат во тек со се што се случува.
Мадридската онлајн заедница порасна многу во последниве години и сега достигна рекорден број од над 500 милиони следбеници на сите социјални мрежи.
Со тоа Реал Мадрид стана првата спортска организација која го постигнала тоа, што е уште еден доказ за големината на овој клуб.
Според Marka земени се предвид сите 37 профили на мадридскиот клуб, распространети преку социјалните мрежи како Facebook, Instagram, X (поранешен Twitter), TikTok, Youtube, Line, Snapchat, Twitch, LinkedIn, Weibo, Wechat, Toutiao, Дујин и БилиБили.
Исто така, се чини дека официјалната веб-страница на клубот од Реал Мадрид е најпосетувана веб-страница од кој било фудбалски клуб.