Во саботата од 16 часот се одиграа три дуели од шестото коло на англискиот премиерлигаa и притоа не недостигаа возбудувања. Имаше голови, но и црвени картони.
Манчестер Сити забележа нов триумф и се зацврсти на лидерската позиција. Граѓаните го победија Нотингем Форест со 2:0. Во седмата минута Фоден погодува за 1:0 на асистенција на Вокер, а во 14. Халанд погодува за 2:0 на асистенција на Нунес.
Се чинеше дека на гостите им се заканува катастрофа, но резултатот од 14. минута беше конечен на овој натпревар. Сити играше со играч помалку од 46. минута откако Родри беше исклучен.
Лутон го освои својот прв поен во Премиер лигата откако ремизираа 1:1 против Вулверхемптон на домашен терен. Голот за домашните го постигна Морис од пенал во 65. минута, а стрелец за гостите беше Нето во 50. минута од натпреварот.
На ова да додадеме дека гостинските фудбалери останаа без играч во 39. минута кога Белегард го доби црвениот картон.
Лош натпревар одиграа Кристал Палас и Фулам, кој заврши со резултат 0:0.