Иако за Интер Мајами одигра само четири натпревари во првенството, најдобриот фудбалер во историјата Лионел Меси е номиниран за МВП на сезоната и за дебитант на годината во МЛС.
На сите им е јасен ефектот на аргентинскиот ас во американскиот фудбал и зголемувањето на популарноста на МЛС, но се чини дека тој нема доволен фонд натпревари за да го добие ова признание. Повеќе натпревари одигра во куповите каде што и освои еден трофеј, отколку во МЛС, но сепак, таква е проценката на луѓето од лигата.
Во моментов Меси е повреден и неизвесно е дали воопшто ќе се врати во тимот на Интер Мајами до крајот на сезоната во која клубот од Флорида има уште три натпревари.