Центарот на Филаделфија 76ерс Џоел Ембиид одлучи да игра за репрезентацијата на САД. Ембиид откри и зошто се одлучил на оваа одлука, бидејќи во игра имало уште две репрезентации, Франција и Камерун.
“Беше тешко, ми се допаднаа сите три опции. Со мојата татковина (Камерун), која многу ја сакам… Но, многу сакам да учествувам на Олимписките игри – тоа беше мојата цел и сон. Додадете го фактот дека мојот син Американец е, јас сум тука долго време и во последните неколку години носев одлуки врз основа на семејството“, рече Ембиид и додаде:
„Франција го направи она што рекоа дека ќе го направи, и јас навистина го ценам тоа. Одлуката беше тешка, сакав да земам што е можно повеќе време, но го добив крајниот рок. На крајот, среќен сум со одлуката“.
Ембиид на тој начин ќе игра за САД на Олимписките игри во Париз и ќе се обиде да освои златен медал.