Португалскиот тренер Жозе Мурињо доби црвен картон на крајот од мечот против Монца, бидејќи ја испровоцирал клупата на гостинската екипа!
Во 90-та минута Рома постигна гол со кој славеше (1:0), додека Мурињо во прекини имитираше гест на плачење упатен кон клупата на Монца.
Конечниот епилог е црвен картон поради кој нема да може да го води дербито против Интер во следната рунда.
„Направив некои гестови, не кажав ништо навредливо. Тоа беше затоа што минатата сезона некои талентирани луѓе, но без искуство, кажаа непријатни зборови за нас. Денеска Монца се обиде да изврши притисок врз судијата. Да бидам искрен, тие се добар тим и не заслужија да загубат“, изјави Мурињо.
Инаку, голот за Волчицата го постигна Ел Шарави, а Рома со три бода стигна до 6. место и има вкупно 14. Од друга страна, Монца остана на 12. место.