Поранешниот дефанзивец на „старата дама“, Андреа Барѕаљи, смета дека Јувентус сезонава е тивок фаворит за титулата, односно единствената екипа која ќе му конкурира на Интер за Скудетото.
„Бјанконерите“ не се дел од европските натпревари, бидејки минатата сезона имаа лош пласман во домашното првенство, но од денешна гледна точка тоа е можеби добро за нив, бидејки сезонава се горе во врвот од домашното првенство.
Во моментот Јувентус е на само два бода негатива од лидерот Интер, но свесни се дека „нераѕурите“, па и Милан, нема така лесно да се откажат од првата позиција.
„Да не заборавиме дека нашето ДНК е победничко. Јувентус е добар тим сезонава, одлично се бранат во одбрана, нивните крила во нападот прават разлика и тоа ме радува. Имаат добра компактност, непобедени се 540 минути, без оглед на тоа што им недостасува Алекс Сандро во составот“.
„Интер е силен сезонава, имаат и подолга клупа и можат да ротираат, но верувам дека, тивко, но Јувентус им е ривал во битката за титулата сезонава на Интер“, порача Андреа Барѕаљи.