Хрватска пред ова квалификациско коло имаше слаби изгледи дека ќе се пласира на ЕП, но по киксот на Велс на гостувањето кај Ерменија и победата на Хрватска во Летонија, сега тоа изгледа реално.
Хрватска ја пречекува Ерменија на домашен терен и ќе цели кон триумф, а очите на „коцкестите“ ќе бидат и на другиот натпревар од кој им зависат многу работи.
–Им честитам на моците за победата, добро го отворивме натпреварот, со голема доза на самодоверба и тоа резултираше со голови. Сега сме во ситуација која ја посакувавме, да одлучуваме сами за себе и тоа е најважно.
– Мора да се подготвиме добро за тој натпревар, да нема опуштање. Имавме некои лоши моменти од натпреварот и бев лут на играчите, иако водевме со 2:0. Само се молев и посакував господ да ни даде уште една шанса и тоа се оствари, сега мислиме на последниот натпревар во квалификациите, порача Златко Далиќ.