20.8 C
Skopje
11.3 C
Melbourne
Thursday, 2 May, 2024
0
Дома Спорт Тренерот на Алкараз: Сакајте ги Федерер и Надал, но Ѓоковиќ е најдобар

Тренерот на Алкараз: Сакајте ги Федерер и Надал, но Ѓоковиќ е најдобар

Тренерот на Карлос Алкараз, Хуан Карлос Фереро го призна она што стана сосема очигледно – дека Ѓоковиќ е над Надал и Федерер.

„Со бројките што ги има Ѓоковиќ нема дебата. Можете повеќе да ги сакате Рафа или Роџер, нивниот стил и слично, но бројките велат дека Новак е најдобар во историјата“, изјави Фереро за шпанска „Марка“.

Шпанецот продолжи да го фали српскиот ас.

„Не сум изненаден од неговата сезона, тој живее за тенисот и игра на највисоко ниво, сè што прави е совршено, од храна, до одмор, за да го направите тоа, треба да се подобрите во многу работи. Тешко е во денешно време да најдеш доволно време за својот живот и тренинзи, професионализам, доволно да се посветиш на тенисот. Ѓоковиќ и во тој поглед е најдобар“, додаде Фереро, кој во кариерата три пати играше против Ноле и двапати загуби.

Melbourne
clear sky
11.3 ° C
13.7 °
8.5 °
81 %
3.6kmh
0 %
Thu
13 °
Fri
17 °
Sat
16 °
Sun
17 °
Mon
18 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img