18.8 C
Skopje
12 C
Melbourne
Friday, 3 May, 2024
0
Дома Спорт Клоп во свој стил: Осум години ме прашувате иста работа, можете ли...

Клоп во свој стил: Осум години ме прашувате иста работа, можете ли да ми кажете…

Ливерпул има највисоки цели во оваа сезона, а за да се остварат истите потребни се сите играчи на располагање со оглед на многуте натпревари, жестоката конкуренција.

Меѓутоа тоа не е возможно, играчите се повредуваат, некои полесно, некои потешко со тоа што во оваа втора група сега е Жоел Матип. Дефанзивецот ги повреди лигаментите на коленото и оваа сезона за него е завршена, па медиумите веќе најавија дека „црвените“ во јануари ќе тргнат во акција, ќе се активираат на пазарот, па дури беше и издвоено името на Максaнс Лакроа од бундеслигашот Волфзбург.

Токму околу оваа тема менаџерот Јирген Клоп имаше што да каже и порача и им одржа една лекција на медиумите.

-Осум години не можам да разберам дека постојано ми ги поставувате истите прашања. Постојано зборувате за трансфери. Како да е наједноставната работа на светот. Треба да најдеме играч, треба да најдеме пари, а ние како да имаме бесконечна сума пари… не разбирам. Сите зборуваат исто, медиумите, навивачите, сите.

-Сето тоа чини пари, а играчот мора да биде вистинскиот. Можете ли да ми кажете кој клуб продава добар стопер?Не било кој стопер, туку најдобар, бидејќи само таков може да игра во Ливерпул. Сега имаме четири, петти не ни треба. Доколку не дојде до повреда, тоа може да биде проблематично поради бројот на натпревари.

-Ние не живееме во некој магичен свет каде што можете да донесете стопер од светска класа додека другиот не е здрав и подготвен. Освен ако некој не стави играч под елката и не каже дека можеме да го користиме кога ни е потребен… Не сум размислувал за тоа, но мислам дека нема никој да донесеме, -рече Јирген кој говореше и за Матип.

-Би рекол дека има шанси за продолжување на договорот, но не се прашувам за тоа. Сигурен сум дека клубот ќе покаже класа, бидејќи тоа е она што треба да се направи, -заклучи Германецот.

АНГЛИЈАпред 3 секунди

Карагер: Арсенал нема да ја освои титулата поради две причини

СВЕТпред 27 минути

Гол и асистенција на Роналдо во победата на Ал Наср (ВИДЕО)

АНГЛИЈАпред 39 минути

Клоп во свој стил: Осум години ме прашувате иста работа, можете ли да ми кажете…

АНГЛИЈАпред 1 час

Тен Хаг со совет до Рашфорд: Земи пример од Мегваер…

ШПАНИЈАпред 2 часа

Анчелоти за ситуацијата со Белингем: Засега не му е потребна операција, но…

ПОПУЛАРНИ

  • ЛИГА НА ШАМПИОНИпред 23 часа

    Ангеловски веднаш направи анализа: Натпреварот го загубивме заради две клучни работи

  • ШПАНИЈАпред 14 часа

    Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!

  • ЕВРОЛИГАпред 22 часа

    Партизан со страшна серија му пресуди на Милано, Реал суреди уште еден грчки великан (ВИДЕО)

  • ШПАНИЈАпред 9 часа

    Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика

  • АНГЛИЈАпред 9 часа

    Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне

  • СВЕТпред 12 часа

    Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник

  • АНГЛИЈАпред 13 часа

    Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед

  • ИТАЛИЈАпред 11 часа

    Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни

Melbourne
clear sky
12 ° C
13.7 °
9.3 °
76 %
3.6kmh
0 %
Fri
13 °
Sat
16 °
Sun
18 °
Mon
18 °
Tue
20 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img