Во 24 коло од Бундес лигата фудбалерите на Лајпциг убедливо со 4:1 славеа на гостувањето кај Бохум.
Поведоа домаќините со голот на Витек во седмата минута, а во 30 минута следуваше израмнувањето кое го донесе Олмо. Претходно во 14 минута беше поништен гол на Лајпциг преку Симонс, но истиот беше поништен поради офсајд.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра од 65 минута заменувајќи го Олмо. Само 180 секунди подоцна Лајпциг поведе со голот на Опенда по асистенцијата на Хајдара.
Во 71 минута следуваше автоголот на Ордетс, а во 72 минута во чија акција учествуваше и Елмас, Поулсен го постави конечниот епилог. Домашната екипа во 86 минута остана со еден играч помалку поради црвениот картон на Квартенг.
На табелата Лајпциг е на петтата позиција со 43 бодови, додека Бохум е на 15 место со 25. Во другите денешни натпревари: Дармштад – Аугсбург 0:6, Хејденхајм – Ајнтрахт Франкфурт 1:2, Мајнц – Борусија Менхенгладбах 1:1 и Унион Берлин – Борусија Дортмунд 0:2.