4.8 C
Skopje
16.4 C
Melbourne
петок, 22 ноември, 2024
0
Дома Спорт Артета: Уште ништо не е готово, би дал многу пари да бидам...

Артета: Уште ништо не е готово, би дал многу пари да бидам во ваква позиција и следната сезона

Манчестер Сити по влегувањето во новата година влезе во страшна серија, а Арсенал последниве недели заостанува. Резултатот од се е промена на врвот. Граѓаните ја презедоа лидерската позиција, анулираа огромна празнина и ја поведоа трката. Тие се во пол-позиција, но Топџиите не губат надеж.

Барем за кратко Арсенал може да го прескокне Сити, за тоа му е потребна победа во лондонското дерби против Челзи. Иако ситуацијата од недела во недела е се полоша и полоша во клубот од „Емирати“, Микел Артета сепак верува дека постои шанса тимот на Пеп Гвардиола да киксне и работите да се сменат во корист на „топчиите“.

Се погласно се слуша дека Арсенал е мек, дека му треба цврст играч во средина кој ќе ги запре противниците и ќе ја јаде топката. И дека поради тоа ќе остане без титула во Премиер лигата. Микел Артета не се согласува со тоа.

„Сити освои 100 бода со Давид Силва, Бернардо Силва, Серхио Агуеро и Рахим Стерлинг. Барселона со Чави, Андрес Иниеста, Лионел Меси и Педро шест титули. Сите тие се неверојатни играчи“, одговори Микел Артета на изјавата дека на Арсенал му треба цврстина во средината кој би ги „тепал“ противничките играчи.

Тој, како и неговите колеги, се труди да го извлече најдоброто од играчите што ги има, но сепак е свесен дека тоа е долгорочен циклус.

„Совршена машина, тоа е она што сите го сакаме. Сите се трудиме да го најдеме идеалниот тим и се надеваме дека ќе успееме во ова. Но, потребно е време. Не се прави за еден, два или три дена. Или преоден рок. Потребни се седум години. Не можете да копирате и залепите нешто“.

Микел Артета алудираше на тоа колку години неговиот поранешен ментор работи во Манчестер Сити. И колку време му требаше да создаде хармоничен тим. Додуша, веднаш ја освои и титулата во Премиер лигата…

Малку работи во моментов се на страната на Арсенал, но Артета не го губи ентузијазмот.

„Реалноста е дека со нив се тркаме 247 дена. Ни останува најдобриот дел од сезоната, остануваат уште пет натпревари. Кога гледам се така, можам само да кажам дека не е готово“, изјави шпанскиот стратег и додаде:

„Би платил многу пари за да бидам повторно во оваа позиција следната сезона. Многу, верувајте ми. Сакам да го искористиме моментот максимално“.

Тој ја коментираше и моменталната состојба на поредокот, по победата на Сити над Фулам …

„Сега не е се во наши раце. Она што е во наши раце и на нас е да победиме до крајот. Тоа ќе се обидеме да го направиме, останатото е на Сити“, реален е Микел Артета.

Melbourne
scattered clouds
16.4 ° C
17.2 °
15.3 °
86 %
0.5kmh
35 %
чет
20 °
пет
32 °
саб
35 °
нед
21 °
пон
20 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img