Од поодамна е познато дека Челси беше во одредени преговори со неколку кандидати за позицијата тренер на клубот, а изборот дефинитивно паднал на аргентинскиот стратег.
Челси и Покетино постигнале конечен договор за работата во клубот и тој веќе од следниот месец, ќе се појави на Стемфорд Бриџ, каде ќе ги преземе работите во свои раце.
Откако беше избркан од ПСЖ, Маурисио Покетино една сезона одмараше од фудбалот, а сега се враќа на голема врата, во клубот каде ќе треба да го стави на здрави нозе.
Фабрицио Романо ја потврди веста за договорот кој го постигнале Челси и Маурисио Покетино, кој местото тренер ќе го преземе од Френк Лампард кој е поставен како привремен тренер.
Покетино договорил да си донесе свои помошници и наводно во првото лето му ветиле две големи ѕвезди новите сопственици на Челси.