Манчестер Јунајтед е на пат да го обезбеди своето прво летно засилување.
Како што пренесува британски „Телеграф“, клубот од Олд Трафорд ги договорил со играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт сите детали околу личниот доход.
Се очекува Маунт во блиска иднина да стане член на тимот на Ерик тен Хаг.
Во исто време, Челзи му даде зелено светло на играчот од средниот ред Матео Ковачиќ да преговара со Манчестер Сити.
Тоа е јасен сигнал за почеток на продажба на одредени играчи на Челзи, пред новиот менаџер Маурисио Покетино да тргне на засилувања.
Што се однесува до Маунт, тој се најде и на листата на желби на Ливерпул и Арсенал.