Тој потпиша тригодишен договор со „рибарите“, со кои ќе се обиде да направи тим кој би можел да се вмеша во борбата дури и за највисок пласман.
„Среќен сум што се враќам во македонскиот ракомет, а посебно затоа што го превземам амбициозниот проект на ГРК Охрид. Ни претстои макотрпна работа на сите во клубот да го доведеме РК Охрид на едно повисоко скалило односно клуб кој ќе настапува во Европа и достојно ќе го репрезентира македонскиот и охридскиот спорт“, изјави Алушовски.
Алушевски тренерската кариера ја градеше во Пелистер, Еурофарм Работник и во Вардар, а последно работеше во исландскиот Тор Акурејри. Како играч има богата ракометна кариера во Пелистер, Јафа Промет, Вардар и Металург.