Норвежанецот доминираше во вечерашното полуфинале против Александер Зверев, триумфирајќи со 6-3, 6-4, 6-0 за нешто повеќе од два часа игра. Со оглед на тешката повреда на Зверев на скочниот зглоб, пред околу една година и полуфиналето е голем успех. Сепак, не можеше против 24-годишниот Норвежанец, кој сега изедначи на 2-2 во меѓусебните дуели и делува сè постабилно на важните турнири.
Меѓутоа, за да се вброи меѓу освојувачите на грен-слем, ќе мора да го надигра човекот кој атакува да има најмногу такви пехари – Новак Ѓоковиќ.
„Ќе биде тешко, минатата година против Рафа, сега против НОвак. Тоа се двајца од најдобрите тенисери во историјата, така што ќе бидам аутсајдер. Ќе играм како денеска, без многу емоција, само ќе се обидам да уживам и да се смеам колку што можам. Новак се обидува да биде најголемиот на сите времиња, ќе игра за својата 23. титула од грен-слемите, а јас за првата. Тоа е голема разлика, но се надевам дека ќе пружиме добар меч“, рече четвртот на светот, Руд.
Двајцата тенисери досега се сретнале четири пати, последно АТП-финалето во 2022 година, а Ѓоковиќ ги добил сите четири соочувања. Претходно денеска, тој во полуфиналето беше подобар од Карлос Алкараз во четири сета.