9.8 C
Skopje
16.6 C
Melbourne
Friday, 19 April, 2024
0
Дома Спорт Пеп: Лигата на шампионите е наш сон, Интер е поголем клуб од...

Пеп: Лигата на шампионите е наш сон, Интер е поголем клуб од нас

Манчестер Сити ќе има средба со историјата во сабота навечер на стадионот Ататурк. Можност за прв пат да го подигне трофејот во Лигата на шампионите до кој неуспешно се обидува да стигне со години. И Пеп Гвардиола не крие дека поради ова популарниот „клемпавко“ стана сон за него и неговите играчи.

„Дефинитивно е сон. За да постигнете одредени работи, треба да имате соодветна количина на опсесија, желба. Опсесијата е позитивна работа, но освојувањето на Лигата на шампионите е сон за сите нас. Се разбира дека историјата е важна во ова натпреварување. Интер е поголем од нас, но тоа не е важно. Не е важно да се биде фаворит. Важно е утре во Истанбул да го одиграме најдобриот можен натпревар“, изјави Гвардиола на конференцијата.

Сити играше во финалето пред две години и беше поразен од Челзи. Новинарите се интересираа дали шпанскиот стручњак извлече лекција од играта во Порто.

„Би сакал да ви кажам една лекција, но не знам. Ова е поинаков натпревар. Поминаа две години, многу работи се поинакви. Имавме план како да играме против Челзи, но не ни успеа. И утре ќе биде така. Подготвени сме. Имам чувство дека е така. Играчите се чувствуваат добро, но и ги почитуваат квалитетите што ги има Интер“.

Што се однесува до предностите на Интер во финалето…

„Така играат. Сите процеси што ги прават, особено на левата страна, се исклучителни. Тие имаат способност да го играат дополнителното додавање, ќе мора да најдеме решение за да бидеме што е можно поефективни. Секако дека е различно кога играш со двајца напаѓачи и со еден. Ќе треба да се браниме поинаку, но и да напаѓаме поинаку“.

Неговиот колега на клупата на Интер, Симоне Инзаги е свесен за улогата на аутсајдерот во финалето.

„Не сме опуштени, многу сме фокусирани, ќе се бориме против навистина силен тим. Средниот ред ќе биде доста важен, но не само тоа: ќе ни требаат нозете, главата и срцето. Знаеме каква игра мора да играме. Знаеме дека Манчестер Сити моментално е најдобриот тим на светот. Тоа го докажа, само неколку пати загуби“, потенцира Италијанецот.

Инзаги многу добро знае од каде доаѓа најголемата опасност.

„Знаеме каков играч е Халанд, дефинитивно ќе внимаваме на него. Го знаеме нашиот начин, горди сме што сме тука, ќе направиме се што можеме за да останеме фокусирани и да ги намалиме грешките на минимум“, потенцираше италијанскиот стручњак.

Melbourne
scattered clouds
16.6 ° C
17.6 °
15 °
70 %
6.7kmh
40 %
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
22 °
Tue
23 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img