Жерар Пике кој својата играчка кариера ја заврши пред неколку месеци, се повлече од Барселона откако клубот се најде во одредени финансиски потешкотии.
Но тој очигледно не сака да молчи, па удри по Барселона и по нивното раководство за одредени потези кои ги направиле.
„Покрај фактот што постоеа финансиски проблеми, се прашувам сега кој требаше навистина да замине. Рекоа дека ние асме одговорни за нашите високи плати, Бускетс, Алба и јас. Сега кога сите ние заминавме, тие и понатаму не успеаја да го доведат Меси“, порача Жерар Пике.
Меси најави веќе дека ќе игра во Интер Мајами, а со тоа пропаднаа и надежите на Лапорта и раководството дека ќе го вратат назад.
Самиот Меси во интервјуто деновиве објави дека сакал и размислувал за кам бек во Барселона, но откако се шпекулираше дека ќе продаваат играчи и дека ќе намалуваат плати, не сакал да прифати такво сценарио.
„Сакав да се вратам, но не сакав да преземам одговорност дека некој ќе страда поради мене, поради намалувањето на платите“, порача Меси.